ПАОЛО САБОР: ПОБЛИЗУ ДО СВОИТЕ КЛИЕНТИ
Со цел да на нашите клиенти им ја олесниме комуникацијата со нас, го создадовме овој ОНЛАЈН АРХИТЕКТ.
За да излеземе во пресрет на некое ваше барање или замислен проект, потребно е да имаме увид во основната документација поврзана со проектот, како што се: Извод од Д.У.П., имотен лист, доказ за право на сопственост, а исто така би сакале да видиме и некоја слика или нацрт за тоа како од прилика сакате да изгледа вашиот проект (пр.: слика од куќа која ви се допаднала и сакате вашата куќа да биде слична или иста на таа).