08 Мај

Paolo Sabor - Вашиот приватен архитект

Paolo Sabor - logo

Мислата интегрирана во петнаесетгодишното искуство во областа на архитектурата, градежништвото и инженерството, која вели дека архитектурата е многу повеќе од само визуелно доживување е мостот врз кој ги втемеливме вредностите на нашата компанија Paolo Sabor, архитект за новите генерации на инвеститори.

Нашата визија се огледа во создавањето на современ, луксузен и модерен бренд за надзор и консултантски услуги во областа на архитектурата и градежништвото кој има цел да ги задоволи најспецифичните потреби, барања и прашања на клиентите кои сакаат да ја изградат својата “приказна“ наречена дом од соништата.

Во таа насока изградивме бренд кој е лесно достапен за клиентите преку нашите иновативни услуги достапни на smart уредите (телефон, таблет, компјутер) како што се онлајн формата “Онлајн Архитект” (www.paolosabor.mk/konsalting/onlajn-arhitekt) и апликацијата “Прашај го Паоло Сабор” (www.paolosabor.mk/konsalting/prashaj-go-p-s).

На овој начин, клиентот брзо и ефикасно од било кое место се најавува на онлајн формата преку која го проследува неговото барање до нашиот тим, од каде што веднаш добива известување, а потоа и термин за консултации. Врз основа на пристигнатото барање, нашиот тим изработува целосна проектна програма низ која ги води, советува и консултира своите клиенти низ целиот процес од идеја до одобрение за градба и имотен лист. Дополнително, нашиот тим обезбедува целосен надзор над изградбата, финансиска анализа на трошоците и проектот, како и правни совети и заштита во текот на процес на градење.

Мисијата на нашето работење ја темелиме врз развој на платформата на која сите заинтересирани инвеститори кои помислуваат на изградба на станбен објект или куќа ќе можат да се информираат за сите новитети, трендови, правила и закони кои владеат во архитектурата, градежништвото и внатрешното уредување. Така, преку нашите клиенти ги создаваме принципите на модерното домување, домување кое соодвестува со приказната, квалитетот и стандардите на нашиот бренд.

“Станбените населби сеуште претставуваат голем производен погон, каде урбанизмот треба да се толкува како изградба на живот за современо модерно домување”, вели Пере Самандов, извршен директор на Paolo Sabor.

Квалитетот сам по себе не е доволен, па затоа секогаш тежнееме кон креирање интегритет, авторитет, образование и стручност кое ќе говори за множеството задоволни клиенти. Така, изминатите години реализиравме низа успешни проекти меѓу кои луксузниот хотелски комплекс “Хотел Памела”, реконструкција на кровот и фасадата на Катлановска Бања, луксузната зграда “Central Elite Residence” во центарот на Неготино, надзор над новата словенска винарија на пазарот “Винарија Пуклавец”, комплетна реконструкција на зградата на основниот суд во Кавадарци, големиот маркет за колонијална стока “Маркет Дијана” и многу други.

И во иднина Paolo Sabor продолжува да ја реализира својата цел да стане етаблиран и реномиран бренд кој ќе ги поседува сите легислативи и карактеристики на  компанија  која е пријателски и пазарно ориентирана кон своите клиенти и соработници, со крајна цел градење доверба и сигурност на патот кон материјализирање на идеите.

Дозволете ни заедно да ја планираме, креираме и изградиме новата структура на вашата иднина. Затоа, градете паметно - градете со Paolo Sabor!

Дознајте повеќе на:

Web (www.paolosabor.mk)

Instagram (www.instagram.com/paolosabor)

Facebook (www.facebook.com/paolosaborarchitect)

Last modified on Среда, 08 Мај 2019 17:57