07 Апр

Градба

Од Википедија — слободната енциклопедија

 Градба е постојан неподвижен објект направен од луѓето, изворно како засолниште, подоцна со различните потреби на луѓето со различни намени. Витрувиј или Витрувиус во “За архитектурата” или “De Architectura” пишува: “Почнаа, некои да прават засолништа од лисја, некои да копаат пештери под ридовите, некои да прават преплети со кал, имитирајќи ги гнездата на ластовиците и нивните методи на градење. Потоа гледајќи ги засолништата на другите и додавајќи на нивните идеи нoви работи од ден на ден правеа подобри засолништа. Бидејќи луѓето по природа беа склони на подучување и имитација, тие напреднаа со своите откритија, како денес што се гледа со различни типови на градби.”